Вистинско чудо среде пустина: Лековито езеро околу коешто никнало “село со 5 ѕвездички”

Точка

13/11/2017

15:00

7.483

Големина на фонт

а а а

Во 40-те години на минатиот век оазата Хуакачина прераснала во популарно спа-одредиште за богатите Перуанци коишто токму тука го барале спасот од многу болести.

Хуакачина претставува вистинска оаза во пустината во јужно Перу, којашто е оддалечена десетина минути од градчето Ика, или пет часа од главниот град на Лима.

Се работи за село изградено околу природно езеро, коешто е опкружено со палми и монументални песочни дини.


Токму тука, уште од 40-те години на минатиот век, па наваму, богатите Перуанци барале спас од реума, артритис, астма и бронхитис. Всушност, локалната легенда вели дека езерото поседува лековита моќ и дека решава различни видови на болести кај оние коишто во него се капат.

Во 50-те години на минатиот век, туристичката атрактивност за Хуакачина започнала да се намалува дури и до комплетна напуштеност. Но кон крајот на милениумот, најразлични инвеститори започнале да нудат можности за посета на ова чудо среде пустина на Buggy возила.


Со текот на времето тука се изградиле и ресторани коишто нудат буквално се' – од класична перуанска кујна до италијански пици. Па, освен возењето со Buggy и Quad, тука може да пробате и како изгледа бординг по песок. Токму затоа Хуакачина денес ја посетуваат личности од сите генерации.


Ѕирнете и во нашата фотогалерија и погледнете само мал дел од нејзиниот шарм.



Спонзорирани линкови

Маркетинг