Во текот на 1990-те, пред Audi да ја воведе денешната номенклатура, моделот 80 претставуваше вистинска гордост за овој светски познат бренд.
Претходникот на моделот A4 беше исклучително популарен и на овие простори, а и ден денес е исклучително ценет како доверлива германска лимузина. Но не и брза, но тоа важи се' додека не се запознаеме со дотичниот примерок којшто буквално “го брка” асфалтот под своите пневматици.
Audi 80 е вистински класик, но под неговиот “костум” овојпат се крие вистински ѕвер. Го придвижува VR6 turbo агрегат којшто ослободува дури 930 коњски сили!
А што значи тоа во пракса, најдобро ни говори видео записот. Бројките се следниве – ова Audi 80 половина милја (804 метри) изминува за 17 секунди, а излезната брзина изнесува повеќе од 290 километри на час!