Физичкиот изглед и тоа како може да се промени, особено ако имате вистински добра желба за тоа!
Фитнес инструкторката Мелиса Алкантара е токму одличен пример за челична волја. Методот на нејзината трансформација бил токму вежбањето, а еве ги и нејзините резултати...
Мелиса секако не ги крие своите стари фотографии, напротив. Таа сака да ги споделува и да се потсетува на нив, бидејќи токму тие најдобро ги отсликуваат размерите на нејзината трансформација.
Таа претходно имала очигледен вишок на килограми, а во меѓувреме станала и мајка, а потоа, чекор по чекор, го “градела” своето мускулесто тело.
И како што тоа вообичаено и се случува, после ваквите трансформации, нагло расте и самодовербата, но и желбата за нови, стилски промени на изгледот. Мелиса е личност којашто ги обожува визуелните експерименти.
Но е и некој којшто резултатите од својот труд умее да ги прикаже на сосема провокативен начин, потенцирајќи го сексапилот којшто кај “нејзиното ново тело” апсолутно доаѓа до израз.
А нејзина најголема поддршка во последните шест години биле сопругот и ќерката којашто била најблизок сведок на промените на изгледот на својата мајка.
Па, дали сте и вие подготвени за позитивни промени кога станува збор за вашиот изглед?