Стивен Хокинг повторно не’ опоменува: “Ова би можело да биде најлошото случување во историјата на цивилизацијата”

Точка

13/11/2017

12:05

3.702

Големина на фонт

а а а

Не недамнешниот Web Summit во Лисабон, научникот Стивен Хокинг ги повтори некои од своите размислувања во врска со вештачката интелигнција, пренесува USA Today.

Секој ден, на сите нас ни станува се' повеќе јасно дека вештачката интелигенција (AI) во иднината радикално ќе ги промени нашите животи, а Хокинг овојпат уште еднаш не' опомена дека вештачката интелигенција би можела да прерасне во “најлошото случување во историјата на нашата цивилизација” ако нештата излезат од контрола.

Развојот на вештачката интелигенција би можела, на пример, да влијае на развојот на моќното автономно оружје коешто пак би можело да прерасне во “алатка којашто ќе ја користи малцинството со цел да го угнетува мнозинството” смета овој научник.


Токму против таквата употреба на вештачката интелигенција, односно AI роботите коишто би биле употребувани во војни и коишто самите би одлучувале за метите на нападите, се залагаат и бројни научници, стручњаци за роботика и вештачка интелигенција.

Тие потпишале и петиција во којашто бараат да се спроведе забрана на таквото автономно вооружување. А токму во двете петиции кои што се потпишани во рок од неколку месеци од страна на над 300 научници е изразена загриженоста околу автономните системи, дроновите и роботите коишто стануваат се' повеќе активни во армиите на неколку земји.

Како би го извлекле најдоброто од вештачката интелигенција, како што е на пример користењето на нејзиниот потенцијал да излечи болести или пак да ја исправи штетата којашто луѓето и' ја нанеле на планетата Земја, Хокинг вели дека сепак е потребно да се спроведат уште многу истражувања, додека научниците би требало добро да размислат за влијанието на вештачката интелигенција врз нашата планета но, и врз нашите животи.


“Можеби сите за момент би требало да застанат и да ги насочат размислувањата не само кон создавање на вештачка интелигенција којашто ќе биде способна и успешна, туку и за начините на коишто вештачката интелигенција би можела да придонесе за општа општествена корист, изјавил тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг