Даниел Херингтон е дебитантот на Sports Illustrated, а со оваа фотосесија докажа дека таа е една од "најжешките" нови модели

Точка

26/10/2017

15:30

11.881

Големина на фонт

а а а

Даниел Херингтон е манакенката која се прослави со фотосесијата за Sports Illustrated Swimsuit Rookie. Претходно имала ангажман за познатиот бренд за долна облека Викторија Сикрет.

Даниел е родена во Комптон, Калифорнија, САД на 26 мај во 1993 година. Има американска националност. Завршила средно училиште за психологија. 


Својата манакенска кариера ја започна на 13 годишна возраст, но до 2015 година немала некои посериозни обврски и ангажмани. Даниел е најпозната по фотосесиите за костими за капење, а нејзиниото тело ги има пропорциите 34-24-35 и има тежина од 65 килограми. Се прослави со фотосесијата за Спортс Илустрејтед како дебитант модел за костимите за капење, а подоцна позирала и за Викторија Сикрет. Заедно со познатата Криси Тиген биле номинирани за Манакенки Дебитанти на годината, организирано од Спортс Илустрејтед.


Таа, исто така се најде и на насловната страница на магазинот "GQ", па  Даниел е со сигурност новиот модел кој храбро и успешно чекори во манакенските води.

Фотосесијата за Спортс Илустрејтед се снимала на Фиџи, од страна на фотографот Ју Цај.






Спонзорирани линкови

Маркетинг