ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Моментот кога Бркиќ удри во Димушевски на кружната трка во Скопје

Дерби

22/10/2017

18:24

25.725

Големина на фонт

а а а

Кружната авто трка „Скопје круг 2017“ заврши со несреќа поради која беше прекината последната трка во четвртата дивизија.

Инцидентот се случи на стартно-целната рамнина во седмиот круг на трката во четвртата дивизија.

Во седмиот круг, Урош Бркиќ очигледно поради некаков проблем со автомобилот ја загуби контролата и излета од патеката, притоа удирајќи во Александар Димушевски, организаторот и директор на трката во која претходно беа извозени трки во уште три дивизии.

Обајцата се префрлени во болница, при што Димушевски беше имобилизиран поради сомнение за скршеници, додека Бркиќ беше во шок.




Спонзорирани линкови

Маркетинг