Заев во Ново село: Под овие услови рудникот во Иловица е недозволив

Макфакс

07/10/2017

22:16

4.023

Големина на фонт

а а а

„Ставот на Владата е многу логичен. Нешто што го чекaа граѓаните и заради тоа Социјајдемократскиот сојуз на Макeдонија стоеше позади граѓанските организации, поддржувајќи ги во нивната борба. Едно да биде јасно. Лично јас и Владата сме против рудниците и ќе направиме се за да го заштитиме здравјето и животот на нашите граѓани.

Рудникот во Иловица, ниту е еколошки организиран, ниту имаат геотекстил, а сакаат со цијанид да ја лужат рудата. Ова во Македонија е недоволиво, во мојот плоден струмички крај е недозволиво. Затоа, нашиот став е јасен“, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев во струмичко Ново село.

Според него, овој наш народ живеел со својата пот, со земјоделската мака и со својот труд. „Ние ќе отвориме перспективи со она што е наш, овде ресурс, а нашиот ресурс е нашиот народ, убавото сонце што Господ ни го дал, плодното земјиште овде што го имаме и љубовта кон струмичкиот регион и Република Македонија. Заедно сме со вас, за здравјето и за животот на нашите граѓани’, порача тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг