ВМРО-ДПМНЕ: Говорот на Заев е показател за стравот и паниката од поразот кој ќе следи

Макфакс

25/09/2017

23:02

348

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на вечерашниот говор на Зоран Заев на митингот во Битола.

„Вечерашниот говор на Зоран Заев е најдобар показател за стравот и паниката од поразот кој СДС ќе го доживее на овие избори.

Зоран Заев е преплашен човек, затоа што знае дека народот ќе го порази. Видовме бледо издание, говор полн со омраза, навреди, приземни лаги и лажни ветувања, препознатлив стил за СДС.

Еве ги резултатите на животот на СДС:

Девизните резерви се намалени над 178 м евра.

240 милиони евра ново задолжува само по основ на издадени државни хартии од вредност.

Два последователни падови на просечната плата за 1.3 и пад на индустриското производство 2,2%.

Пад на извозот за јуни и јули и тоа 12% односно 52 милиони евра со што му нанесе голема штета на домашното стопанство.

Прометот во индустријата во јули во однос на јуни годинава е намален за 9,1 процент.

100 милиони евра странски инвестиции помалку.

Под знак прашање се 60 тина странски инвестиции кои може да донесат над 25 илјади работни места

Лагите манипулациите и приземното ниво на комуникација му го препуштаме на Зоран Заев и СДС, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да говори со факти, аргументи и да нуди решенија кој ќе значат подобар живот за граѓаните“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг