СДС и неговите некадарни градоначалници во изминатите 27 години беа локална власт и го водеа градот Куманово. Во тој изминат период СДС стана репер како не треба да се развива и води општина Куманово.
Недомаќинското и криминално владеење на СДС и неговите градоначалници направија во општина Куманово да царува урбаната мафија, Куманово инфраструктурно да стане еден од најнеразвиените и најзапустени градови во Република Македонија.
Куманово и денес претставува град каде што во централното градско подрачје имате турска калдрма, неасфалтирани улици и улици без соодветна канализациска и водоводна мрежа. И покрај најавуваната гасификација, ниту едно домаќинство во општина Куманово не виде гас како енергент за греење во својот дом. И покрај многуте ветувањата за големи капитални проекти на секои избори од страна на СДС, граѓаните и ден-денес во 21 век во Куманово сè уште газат кал.
Планот за живот на СДС, кој го најавува кандидатот за градоначалник на СДС, Максим Димитриевски, во изминатите три децении, единствено што донесе во Куманово е младите животот да го побаараат на некое друго место, во некој друг град, во некоја друга држава.







