Министерот на Ким ги обвинил САД: Трамп ѝ објави војна на Северна Кореја

Точка

25/09/2017

21:11

2.135

Големина на фонт

а а а

Министерот за надворешни работи на Северна Кореја Ри Јонг Хо, денес изјавил дека претседателот на САД, Доналд Трамп, и објавил војна на неговата земја и дека Пјонгјанг го задржува правото да преземе контрамерки, вклучувајќи и соборување на американските стратешки бомбардери, дури и ако не се наоѓаат во севернокорејскиот воздушен простор.

"Целиот свет би требало јасно да запамети дека САД се тие кои први и објавија војна на нашата земја", им рекол Ри на новинарите во Њујорк, пренесува Reuters

##https://twitter.com/minyoungpark/status/912330294660878336/video/1##

"Бидејќи САД и објавија војна на земја, ние ќе го имаме секое право да преземеме контрамерки, вклучувајќи го и правото да ги собориме американските стратешки бомбардери, дури и кога не се во воздушниот простор на нашата земја", истакнал министерот за надворешни работи на Северна Кореја.

##https://twitter.com/minyoungpark/status/912331685160718336/video/1##

##https://twitter.com/minyoungpark/status/912332628761726977/video/1##