Прегазено седумгодишно дете, возачот побегнал

Макфакс

25/09/2017

14:12

421

Големина на фонт

а а а

Од полицијата велат дека вчера во 12:30 часот на крстосница помеѓу патот за с. Стар Балиндол и с. Старо Чајле – Гостивар се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило со непознати регистарски ознаки удрило во седумгодишно дете од с. Старо Чајле и го напуштило местото на настанот.

По незгодата детето е однесено во Медицинскиот центар Гостивар, каде што му се констатирани тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош е препратено во Клиничкиот центар во Скопје за понатамошно лекување.