Од утре усогласување на броилата за евтина струја

Макфакс

24/09/2017

19:02

1.556

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Управниот одбор на „ЕВН“, Штефан Петер, во врска со одлуката на Владата за враќање на евтината тарфија на струјата за домаќинствата, денес во Охрид соопшти дека усогласувањето на броилата започнува веќе утре, притоа уверувајќи дека сите 800 илјади домаќинствата до крајот на идниот месец ќе имаат дневна евтина тарифа, пред почетокот на грејната сезона. Изјавата ја даде на отворањето на десеттото Советување на „МАКО СИГРЕ“, на кое беше присутен и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

„ Македонија мора да го зголеми сопственото производство на електрична енергија и да го намали увозот, притоа водејќи сметка за зачувување на чистата животна средина преку поголема експлоатација на обновливи извори на енергија“, порача Дамчевски од Охрид.

Рубин Талески, претседател на „МАКО СИГРЕ“, за плановите за изградба на капацитети за производство на енергија од обновливи извори забележа дека преостануваат само мал дел од оние ресурси што спаѓаат во евтини енергетски потенцијали.

Евтините потенцијали се веќе изградени, остануваат скапите проекти како хидроцентрали. Електричната енергија произведна од сонце засега не е конкурентна за овие пазари, оттаму што економската моќ на домаќинствата за нејзино користење е се уште мала, рече тој, забележувајќи дека ветерниците немаат некаков позначаен потенцијал кога е во прашање Македонија поради нејзината географска положба и конфигурацијата на теренот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг