Меѓународна помош за животните во Македонија

Макфакс

31/08/2017

11:03

428

Големина на фонт

а а а

Со цел директна помош на бездомните животни во Македонија, надминување на проблемот со прекубројноста на животните на улица, како и стручна поддршка на барањата на Анима Мунди за подобрување на законската регулатива за заштита на животните, утре во Скопје пристигнуваат претставници на организацијата ЕНПА – едно од најсилните здруженија за заштита на животните во светот, најстарата и најголемата италијанска асоцијација која е активна 144 години на територијата на Италија и во странство

. Како што велат од Анима мунди, заедничките заложби и понуди за помош се однесуваат на:

– Понуда за помош во стерилизација на бездомни животни која би се вршела под мониторинг на здруженијата за заштита на животните, наш избор на ветеринари ,

– Барање за ревидирање и унапредување на Законот за заштита и благосостојба на животните и воведување законска забрана за еутаназија на бездомните животни ( конкретни предлог амандмани),

 – Инволвирање на здруженијата за заштита на животните во раководењето на стационарите за бездомни животни (конкретни предлог амандмани),

 – Овластување на здруженијата за заштита на животните во служба за превенција/евиденција/санкција на насилството врз животните бидејќи до сега се востанови дека здруженијата де факто се основен носител на таа дејност во Македонија, со што помагаме во откривање/надминување на насилството во национални рамки (конкретни предлог амандмани),

– Обезбедување на заштита на коњите и забрана за нивно искористување во урбани средини, суровост со која децениски се соочуваме и која секојдневно се игнорира ( конкретни предлог амандмани)

Со претставниците на ЕНПА веќе се закажани средби со Директорот на Агенција за храна и ветеринарство и Амбасадорот на Република Италија.

Анима Мунди побара и средба со премиерот на Владата, Зоран Заев и за истата очекуваме одговор.

Бараме поддшка од широката јавност, сите надлежни институции, но и сите политички субјекти; ја бараме за доброто на граѓаните на Македонија и обезбедување на хуманост кон сите живи битија. Укажуваме на важноста ваквата прилика да не се пропушти и одговорно да се искористи, затоа што една од најсилните меѓународни организации ја третира состојбата во Македонија како приоритет и има силна волја , искуство, можности да помогне.

Сите предлог законски амандмани, Анима Мунди ги изработи во рамки на програмата Цивика Мобилитас, додаваат од организацијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг