Страшно пророштво на германски јасновидец: Третата светска војна е неизбежна и ќе почне на Балканот, а еве и како

Точка

30/08/2017

09:04

24.925

Големина на фонт

а а а

За Алојз Ирлмајер од Германија, кој живеел во првата половина на 20. век, многумина тврделе дека е видовит.

Се зборува дека по Втората светска војна им помогнал на многу луѓе да ги пронајдат своите најблиски. Бил обвинет за "вештерство", но судијата го ослободил кога Ирлмаер точно опишал што правела неговата сопруга тој ден и како била облечена. 

Според неговите предвидувања Третата светската е неизбежна и ќе се води на Медитеранот и Блискиот исток, и ова подрачје ќе биде центар на судири на големите сили. Според неговите предвидувања, се ќе почне со убиство на Балканот. 

"Сите ќе повикуваат на мир. Одеднаш ќе дојде до војна на Блискиот исток кој ќе се засилува, големите поморски сили ќе се соочат со непријателите на Медитеранот, а ситуацијата ќе биде многу тензична".

Меѓутоа, вистинската искра ќе биде запалена на Балканот: Гледам некој голем како паѓа, крвав нож лежи покрај него. Две лица ќе убијат трет високо позициониран. Тие ќе бидат платени од страна на други луѓе. Еден убиец е мал, другиот малку повисок, со посветла боја на коса. 

"Мислам дека ова ќе се случи на Балканот. Одмаздата ќе дојде набрзо преку големата вода. Меѓутоа, жолтиот змеј ќе изврши инвазија на Алјаска и Канада истовремено, но нема далеку да стигне. Кога златниот град ќе биде уништен, војната ќе започне".

"Годината пред војната ќе биде многу плодна и богата. Војната ќе дојде без предупредување преку ноќ. Гледам прашина. Гледам три броја. Две осмици и деветка. Не знам што значат, дали се датум или време кога ќе се случи", тврдел Ирлмајер. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг