Стевананџија: Не може да е добар ребалансот, а да е прекинат патот Прилеп-Градско

Макфакс

03/08/2017

16:12

1.076

Големина на фонт

а а а

На денешната седница во Собранието, каде на дневен ред е расправa за ребаланс на Буџетот за 2017 година, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија, реплицираше на пратеникот на СДСМ Сашко Поцков, кој посочи дека нема никаков кабает за масакрираниот ребаланс на буџетот за 2017 година, затоа што никој не бил исконсултиран, ниту претeедателот на Kомисијата за образование, ниту потпретседателите на партијата, ова биле лични желби на шефот на партијата.

Стевананџија рече дека недозволиво е претседатели на комисии да не бидат консултирани за масакрираниот буџет.

„Денеска е 3 август, но нема нов живот, имаме само нова историја, а каква прашајте го Каракачанов што до вчера го гоштевавте во Воденица. Не знам што јадел таму но ни ја кажа болната вистина што сте ја договориле и тоа е жално“, потенцираше Стевананџија. 

Стевананџија обвини дека со ребалансот во вода паднала животната желба на многу граѓани. „Вие сакате да не убедите дека ребалансот е добар, не може колега Поцков да е добар, не може колега Поцков да е добар ребалансот, а да е прекинат експресниот пат Прилеп-Градско, тоа е масакр. Животната желба на прилепчани, битолчани, долненци, кривогаштанци, крушевчани падна во вода, со одлука една на еден човек“, вели Стевананџија. 

Стевананџија истакна дека не може да е добар ребалансот, а да се кратат 21 милион евра од средствата предвидени за образование, зошто ги прекратувате спортските сали кои треба да се градат во Прилеп и Битола и Гевгелија, запраша пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ. 

„Не може да е добар ребалансот ако кратите 10 милиони денари од Универзитетот Св.Климент Охридски во Битола, ниту еден амандман не помина предложен од опозицијата, од ВМРО-ДПМНЕ и нејзините пратеници. Не може да е добар ребалансот кога кратите 60 милиони денари за реформи во полицијата, таа полиција која што шарената револуција ја тепаше, за тие полицајци за кои што правевте прес-конференции и се жалевте дека оделе боси и голи на браникот на татковината, е од нив кратите 60 милиони денари“, потенцираше Стеванџија. 

Пратеникот продолжи да ги набројува сите кратења кои новата власт ги прави со новиот буџет. Не може да е добар ребалансот кога кратите 11 милиони евра од припадниците на македонската армија, од нашата гордост, не може да е добар овој ребаланс, рече Стевананџија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг