Најголемата желба на Ердоган: Ова се 3-те причини поради кои што на Турција ѝ е потребен рускиот ракетен систем

Точка

26/07/2017

17:46

14.595

Големина на фонт

а а а

Анкара и Москва веќе подолго време интензивно преговараат за продажба на рускиот моќен против-воздушен систем „С-400“ на Турција.

Како што пренесуваат руските и турските медиуми, станува збор за продажба на две батерии, но и трансфер на технологијата на ракетниот систем. Се споменува вкупна цена од вртоглави 2,5 милијарди долари. Тоа е прилично голема сума, но постојат неколку причини поради кои на Турција ѝ е потребно такво моќно оружје.

Колку време ќе помине до испораката останува да видиме, но во овие моменти се чини дека Ердоган е цврсто решен да го купи рускиот против-воздушен систем. Сепак, сега се поставува прашањето зошто на Турција ѝ е потребен „С-400“ ракетниот систем?

Турција е земја членка на НАТО Алијансата, ја има втората по големина војска во НАТО, нема никакви закани од ниту една земја за конвенционална војна, па затоа воените аналитичари се прашуваат, но и нудат одговори на прашањето - зошто на Турција ѝ е потребен толку скап ракетен систем?

1. Политички причини

Турција со овој потег испраќа порака до Западот дека може да купува што сака и од кого сака. Тоа е нешто на што Ердоган чекаше речиси две децении, чекаше на шанса да може сам да донесува одлуки, без да се консултира со Западот. Дали има подобар начин да им испрати таква порака на западноевропските земји, од купувањето на оружје од Русија?


Понатаму, Ердоган веројатно со ваквиот потег сака да ги предупреди западните земји дека и тој знае да биде непредвидлив и да ги откаже од нивните намери некогаш да се обидат да извршат притисок врз него, затоа што е во состојба преку ноќ да им го заврти грбот и да влезе во сојуз со нивните геополитички противници.

Со оваа маневарска позиција, Ердоган веројатно се обидува да остане тука некаде, на средината, меѓу глобалните сили кои што се распоредени на Запад и на Исток. Иако е факт дека НАТО Алијансата е далеку и без никаква конкуренција најмоќниот воен сојуз на светот, сепак Ердоган не сака да остане „заробен“ во интересот и сферата на влијание исклучиво само на западните земји.

2. Економски причини

Купувањето на „С-400“ против-воздушниот систем е на некој начин печат на „оздравените“ и економските односи кои што се во подем меѓу Турција и Русија. Ова е важно за двете земји, затоа што односите меѓу Москва и Анкара во еден момент, односно после соборувањето на рускиот воен авион од страна на турските воени сили, беа драстично влошени.

Сепак, еден ваков воен договор дефинитивно ќе ги „подмачка“ и останатите договори околу новиот гасовод „Турски тек“ кој што планира Русија да го гради и преку него да испорачува гас во Европа. Ердоган сака да успее тој договор и да се изгради гасоводот затоа што преку него, турската позиција на енергетски план значително ќе зајакне.

Турција исто така што е можно подобар економски развој на односите со Русија, а купувањето на „С-400“ против-воздушниот систем на некој начин претставува пресврт и најавува еден нов период во турско-руските односи.


4. Воени причини

Јасно е дека Турција нема конкретна непријателска земја која што би можела да ја загрози со конвенционален напад. Сепак, може да се процени дека турската власт чувствува дека нешто се стега околу државата. Во текот на последните 3 години, Турција сфати дека Западот во одредени ситуации ги поддржува некои од најголемите непријатели на државата - Движењето на Ѓулен и Курдите.

Ердоган сфати дека минатогодишниот воен пуч не можел да се случи без барем Западот да знае нешто за тоа, или пак да премолчи додека се подготвувал. Ердоган сфатил дека Западот сака добри односи со Турција, но не со неговата Турција - па затоа Западот во еден момент може да одлучи дека тој мора да биде симнат од власт. Во еден поширок смисол, на Западот не им пречи Ердоган, туку правецот во кој што ја води Турција.


Откако Американците ја изведоа инвазијата на Ирак во 2003-та година, на сила стапија разни планови за иднината на Блискиот исток. После Ирак, на ред дојде и Сирија. Која земја ќе биде идна на „американската мета“, никој не може да знае. Се чини дека Ердоган ја разбира динамиката на случувањата кои што се одвиваат во близина на турската територија, но никој не може да разбере кои се интересите на САД за во иднина.

Сигурни се само земјите кои што ќе останат да им бидат лојални на САД. Турција под водство на Ердоган со овој потег речиси и сигурно нема да биде лојален партнер на Американците. Ердоган знае дека за него е најдобро да остане сојузник на САД, затоа што никој не ги сака Американците против себе, Ердоган знае и дека Русите ќе му го завртат грбот кога ќе немаат интерес од него, нешто што Русите го правеле во текот на целата своја историја. Но, желбата за власт и моќ е најголема кај сите, па и кај Ердоган.



Спонзорирани линкови

Маркетинг