Стаменковска: СДСМ ќе се обиде со свои инсталации да има целосна контрола во судството

Нетпрес

22/07/2017

15:34

1.494

Големина на фонт

а а а

СДСМ со Фрчковистички совет ќе се обиде да го контролира судството и да инсталира нови „Катици“ за да има целосна контрола, изјави во саботата Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Љубомир Фрчкоски е човек кој во режимот на СДС своевремено се занимавал со политички местенки и прогони на луѓе само поради нивните политички определби. Љубомир Фрчкоски е лустиран за ова свое делување и со правосилно судско решение не смее да врши јавни функции. Лустрираниот Фркчоски е еден од идеолозите на смената на над 600 судии во само неколку минути строго по политичка основа, со кој СДС изврши комплетна партизација на судството. Лустрираниот Фрчкоски според кажувањето на неговите колеги нема ниту еден научен труд и заслуга по која ќе се памети, освен по кочијашкиот речник, навредите и насилничкото однесување. Безобразно е сега Зоран Заев да го предлага лустрираниот Фрчкоски за реформатор на судството, исто како што е безобразно на претседателот на комисијата за политички систем на СДС Маргарита Цаца Николовска да и се даде овластување да го реформира судството по теркот на Заев“, рече Стаменковска.

Додаде дека во, како што го нарекува, Фрчковистичкиот совет за реформи, Заев си ги предложи и Гордан Калајџиев и Мирјана Најческа само затоа што со него заедно фрлаа со боја врз државните институции. 

„Во советот за реформи нема ниту еден претседател на најголемите судови во Република Македонија, вклучувајќи го и Претседателот на Врховниот суд, како претставник на фелата. Јасно е дека СДС нема намера да работи на натамошно засилување на судската власт како независна! Заев и СДС во рамките на новиот режим кој го инсталираат во Македонија и во склад со напорот партијата да се направи држава, а државата партија, сакаат повторно да воспостават строга партиска контрола врз судството. Затоа им требаат луѓе како лустрираниот Фрчковски на кои ќе им дадат можност да глумат непартиски експерти и да кажат дека СДС мора да направи реизбор на судиите и да си намести нови стотици „Катици“ низ сите судови кои ќе ја спроведуваат политичката агенда и нарачките на Заев и неговите партнери“, рече Стаменковска. 

Посочи дека овој совет на СДСМ има за цел целосно да го покори правниот систем, да ги понижи судиите и да ги натера да му се поклонуваат на Зоран Заев. 

„Со ваквиот партиски совет на СДС, Зоран Заев сака свои послушници во судството кои ќе го спроведуваат политичкиот прогон на неистомислениците и политичките противници од ВМРО-ДПМНЕ, за да можат Заев и партнерите непречено да го спроведуваат своето црно сценарио во Македонија преку режимот кој го инсталираат во моментов“, заврши Стаменковска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг