Кирил Божиновски: Ветувам дека редовно ќе се јавувам пред судот

Макфакс

21/07/2017

12:14

755

Големина на фонт

а а а

Обвинителот од СЈО, Бурим Рустеми, на денешното судење за случајот „Титаник“ рече дека бараат притвор за Кирил Божиновски.

„Поради опасност од бегство и влијание врз соучесниците, бараме притвор. Тој не соработува во истрaжната постапка. Му се ставаат на товар две кривични дела – злосторничко здружување и злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања. Тој е во врвот на ВМРО-ДПМНЕ и има моќ врз членството. Единствено со притвор може да се спречи тоа влијание“, рече Рустеми.

Адвокатката на Божиновски, Сања Алексиќ, рече дека бараат да му се врати пасошот. Тие се повикуваат на тоа дека судот веќе еднаш одбил притвор за Божиновски во 2016 година и дека тој досега не бил осудуван. 

„Судот треба да ги има предвид личната и семејна ситуација на обвинетиот“, изјави Алексиќ. 

„Не сум влијаел врз сведоци и не извршувам државна функција. Редовно се јавувам во СЈО на сите покани. Имам семејство и со нетрпение ја чекам судската постапка“ рече Божиновски. 

За да ја докаже невиноста, Божиновски вети дека редовно ќе се јавува пред судот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг