Кошаркарите со победа стартуваа на „Трофеј Македонија“

Макфакс

21/07/2017

10:57

453

Големина на фонт

а а а

Кошаркарската репрезентација на Македонија го почна учеството на „Трофеј Македонија“ со обеда.

Избраниците на селекторот Јорданчо Давитков во првиот меч ја победија Португалија 52-47 (15-18, 14-9, 10-4, 13-16).

Одбраната беше подобриот дел во играта на Македонија, во дуелот со Португалците, кои постигнаа само 47 поени, а само четири во третиот период. 

За разлика од одбраната, играчите во жолтите дресови се мачеа со шутот и организацијата на нападите. 

Чековски со 14 и капитенот Стојановски со 10 поени беа единствените со двоцифрен ефект во редовите на Македонија. 

Македонија, во рамките на второто коло, вечерва, од 20:30 часот ќе игра против Холандија. 

Холандија во првото коло, по две продолженија, загуби од Босна и Херцеговина со 96:102.



Спонзорирани линкови

Маркетинг