Хаос во Венецуела: Протестите ја парализирале земјата, две момчиња убиени на улица, граѓаните стравуваат дека Мадуро ќе ја зацврсти диктатурата!

Точка

21/07/2017

10:32

1.768

Големина на фонт

а а а

Бројот на мртви во Венецуела пораснал на 99 од почетокот на демонстрациите во април.

Улиците ширум Венецуела вчера биле пусти и по нив биле поставени барикади поради демонстрациите против претседателот Николас Мадуро. Демонстрантите бараат распишување на претседателски избори и откажување од новиот Конгрес за кој стравуваат дека ќе ја зацврсти диктатурата. 


"Добро почна. Немаше движење, се беше затворено, и сите мораме да направиме најмногу што можеме да се ослободиме од овој тиранин", рекол 17-годишниот учесник на демонстрациите Мигел Лопез. 


Опозицијата ги повикала граѓаните на штрајк, откако минатиот викенд на неофицијален референдум речиси третина од граѓаните на Венецуела гласале против претседателот Мадуро и неговите планови до 30. јули да одржи гласање за формирање на Уставотворно собрание кое би го сменило постоечкиот устав.


Две момчиња биле убиени на опозициските протести, соопштиле обвинителите. Во населбата Лос Текас во Каракас било убиено 24-годишно моме, а три лица биле повредени, додека во Валенсија, во округот Ла Изабелика, убиено било 23-годишно момче, а шест лица биле повредени, пренесува Telegraf.rs.


Бројот на мртви во Венецуела пораснал на 99 од почетокот на демонстрациите во април. 


Претседателот на САД, Доналд Трамп, соопштил дека САД "нема да стојат на страна додека Венецуела се распаѓа" и порачал дека, ако владата на претседателот Николас Мадуро го наметне своето Уставотворно собрание, Вашингтон ќе преземе силни и брзи економски акции. 


Планот на Мадуро го осудиле и ЕУ, ОН, Организацијата на американските држави и католичката црква. 


Жителите на Каракас во вторникот, на сопствена иницијатива, ги блокирале улиците за да ги изразат своите фрустрации пред генералниот штрајк во знак на протест поради инсистирање на владата да го измени уставот на таа земја.


Блокадите на патиштата парализирале поголем дел од престолнината, а сопрени биле и некои автобуски линии, пренесува AP.


Дипломатот Исајас Медина, кој ја претставува Венецуела во ОН, поднел оставка, спротивувајќи се на претседателот на таа земја, Николас Мадуро.


"Не можам да бидам дел од влада која системски ги напаѓа демонстрантите, која не ги почитува уставните права", рекол Медина во видео снимка направена во Њујорк.



Спонзорирани линкови

Маркетинг