Судиите му ја одбија жалбата на Илија Димовски – останува без пасош

Макфакс

21/07/2017

09:46

631

Големина на фонт

а а а

Обвинетиот од СЈО, Илија Димовски се жалел до Апелациониот суд, дека му е одземен пасошот и дека секоја среда треба да се јавува во судот, како извршување на мерките на претпазливост кои му ги определи судот.

Судиите од скопска Апелација ја отфрлија неговата жалба и го потврдија решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 од Скопје.

Димовски во жалбата наведува дека не постои опасност од бегство, се јавувал на сите покани во СЈО, доколку имал намера да бега, тоа до сега имал доволно време да го стори, па нејасно е од кои причини и врз основа на кои конкретни докази судот го темели заклучокот дека во конкретниот случај против обвинетиот потребно е да бидат определени мерки за претпазливост. 

„По мислење на овој суд, правилно оценил првостепениот суд дека треба да се определат предложените мерки на претпазливост, со цел да се обезбеди присуство на обвинетиот во текот на кривичната постапка, што претставува услов за брзо, ефикасно и економично спроведување на кривичната постапка“, пишува во образложението на одлуката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг