НДМ повторно поднесе предлог-закон за амнестија на учесниците во настаните од 27 април

Макфакс

20/07/2017

16:33

1.030

Големина на фонт

а а а

Народното движење за Македонија во Собранието повторно го поднесе предлог-законот за амнестија на граѓани учесници во настаните на 27 април по скратена постапка.

Во изјава за медиумите претседателот на НДМ, Јанко Бачев, рече дека Талат Џафери им ги вратил материјалите затоа што партијата не го признава како претседател на Собранието.

„Талат Џафери на 6 јуни ни ги врати материјалите со наменско образложение дека НДМ не е овластен предлагач, туку може да поднесе само иницијатива. Како што можете да видите, нашиот допис е токму иницијатива и се заснова на член 71, став 2 од Уставот и членот 133 од Деловникот на Собранието, каде што е пропишано дека иницијатива за донесување закон може да дадат секој граѓанин, група граѓани, институции и здруженија. Оттука, поинаква е причината зошто Талат Џафери ни ги враќа материјалите, односно тоа е поради фуснотата во нашиот допис во која кажуваме дека Народното движење за Македонија не го признава изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието сè до уставната оценка на одлуката за негов избор од страна на Уставниот суд“, рече Бачев. 

Според него, Џафери е должен иницијативата да ја достави до сите пратеници. 

„Значи, Талат Џафери, кој беше избран со кршење на Деловникот, еве продолжува и самиот да не го почитува Деловникот, со што покажува недостиг на капацитет за почитување на правото и правната држава. Затоа, го повикуваме Џафери веднаш да ја процесира нашата законодавна иницијатива за донесување закон за амнестија на граѓани учесници во настаните на 27 април во Собранието“, рече Бачев.



Спонзорирани линкови

Маркетинг