СДСМ: Амандманите на ВМРО-ДПМНЕ за буџетот се доказ за нивното лицемерство

Макфакс

20/07/2017

15:58

359

Големина на фонт

а а а

Со стотиците поднесени амандмани на буџетот кој е донесен токму од ВМРО-ДПМНЕ оваа партија уште еднаш потврди дека наместо за интересите на граѓаните, се грижеше единствено за криминалното богатење на партијата, реагира СДСМ на изјавата на Илија Димовски дека ребалансот на буџетот е комплетно непродуктивен, неразвоен и ќе предизвика стагнација на економијата.

„Ребалансот на буџетот става крај на нереалните проекци и непродуктивните трошоци што претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ планирала да ги прави за луксузи, репрезентации, службени патувања и реклами на штета на граѓаните“, велат од СДСМ.

Со ребалансот, додаваат од партијата, се поправаат економските штети предизвикани од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, се решаваат долгогодишните проблеми на граѓаните, се намалуваат животните трошоци и се создаваат услови за реално придвижување на економијата и севкупен економски раст.



Спонзорирани линкови

Маркетинг