Бубевски: Ниту една држава не би сакала да има човек во разузнавање обвинет за злосторничко здружување

Макфакс

20/07/2017

12:44

532

Големина на фонт

а а а

Обвинителот Гаврил Бубевски од Специјалното јавно обвинителство рече дека ниту една држава не би сакала да има разузнавач обвинет за злосторничко здружување.

Бубевски ова го рече на седницата во Апелацискиот суд на која беше разгледана жалбата на Киро Тодоровски, вработен во Агенцијата за разузнавање, а обвинет за злосторничко здружување во предметот „Титаник“ за изборни измами и манипулации.

Тој ја обжали одлуката на Кривичниот суд да му биде одземен пасошот и да се јавува еднаш неделно во судот.

Адвокатката Сања Алексиќ изјави дека очекува да бидат укинати двете мерки на претпазливост. 

Според неа, во обвинението не се наведени основите на сомнение за кривичното дело што му се става на товар. Алексиќ наведе дека Кривичниот суд веќе еднаш одбил мерка притвор за обвинетиот, а одлуката била потврдена и од Кривичниот совет. 

Бубевски рече дека на Тодоровски му се стават на товар две кривични дела за кои е предвидена казна затвор до 3 години. 

Обвинетиот, пак, пред Судот рече дека не мисли да бега и дека се јавувал како сведок за предметот „ТНТ“ и за предметот што го води СЈО за набавка на „мерцедесот“. 

„Титаник“ е првиот предмет на СЈО. Се однесува на изборни манипулации, а меѓу обвинетите се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот секретар на Владата, Кирил Божиновски. Обвинети се и судии и поранешни членови на ДИК.



Спонзорирани линкови

Маркетинг