Ден Д во Венецуела: Опозицијата организира генерален штрајк, бараат смена на Николас Мадуро?

Точка

20/07/2017

10:36

956

Големина на фонт

а а а

Жителите на Каракас во вторникот, на сопствена иницијатива, ги блокирале улиците за да ги изразат своите фрустрации пред генералниот штрајк во знак на протест поради инсистирање на владата да го измени уставот на таа земја.

Во Венецуела денес ќе биде одржан генерален штрајк ширум земјата, на кој граѓаните ги повикала опозицијата, за да го засили притисокот на претседателот на Николас Мадуро. Штрајкот би требало да почне во 18:00 часот по локално време, и да трае 24 часа. 

Опозицијата ги повикала граѓаните на штрајк, откако минатиот викенд на неофицијален референдум речиси една третина од граѓаните на Венецуела гласала против претседателот Мадуро и неговите планови до 30. јули да одржи гласање за формирање на Уставотворно собрание кое би го сменило постоечкиот устав, пренесува AFP.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, соопштил дека неговата држава нема да стои на страна додека Венецуела се распаѓа, и порачал дека ако владата на Мадуро го наметне своето Уставотвродно собрание на референдумот на 30. јули, Вашингтон ќе преземе силни и брзи економски акции.

Планот на Мадуро го осудиле и ЕУ, ОН, и други.

Жителите на Каракас во вторникот, на сопствена иницијатива, ги блокирале улиците за да ги изразат фрустрациите пред генералниот штрајк поради инсистирањето на владата да го смени уставот на земјата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг