ВМРО-ДПМНЕ: Новото задолжување на СДС го покажува нивното лицемерие

Макфакс

19/07/2017

10:50

402

Големина на фонт

а а а

СДС кога беше опозиција аукциите на државни хартии ги сметаше за криминал. Вчера од позиција на власт ги искористија хартиите од вредност да ја задолжат Република Македонија за дополнителни 10.6 милиони евра, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму велат дека вчерашното задолжување на владата на СДС го покажува нивното лицемерие.

„Таквиот несериозен и неодговорен однос на владата на СДС ја покажа и вчерашната недоверба на банките кон работата на оваа власт бидејќи побарувачката за државните хартии од вредност беше помала од тоа што го планираше министерот Тевдовски. Катастрофалната економска политика на владата е очигледна и преку ребалансот на буџетот, кој ја покажа нивната антиреформска и расипничка матрица на работа“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. 

Најтрагично е, велат од партијата, што нема најава дека овие 10.6 милиони евра би се потрошиле за реновирање училишта, болници или други инфраструктурни проекти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг