Стратешко трпение и интерес: Зошто Русија не е загрижена околу ракетите на Северна Кореја?

Точка

19/07/2017

12:06

3.779

Големина на фонт

а а а

Откако на 4-ти јули за прв пат Пјонгјанг изврши тестирање на интерконтинентална балистичка ракета, администрацијата на Трамп се обидува да ја придобие пред се Кина, но и Русија, за решавање на кризата на Корејскиот полуостров.

Кога во мај, севернокорејската ракета падна во близина на рускиот град Владивосток, Белата куќа издаде соопштение: „Со оглед на тоа што проектилот падна толку блиску до руската територија, поточно - поблиску до Русија, отколку до Јапонија, претседателот претпоставува дека Русија не е задоволна од ваквата ситуација“.

Сепак, се чини дека Москва воопшто не е загрижена околу севернокорејската ракета, иако руските власти преферираат демилитаризиран Корејски полуостров. Русија верува дека преговорите со Пјонгјанг, кои што би гарантирале опстанок на режимот на Ким Јонг Ун, се единственото решение за кризата.

Москва поддржува ограничување на севернокорејската нуклеарна програма, но е против санкции и промена на режимот. Според овие ставови, Русија и САД се спротиставени, а тоа можеби е клучната пречка за меѓународните напори за решавањето на кризата на Корејскиот полуостров.


За разлика од Американците, кои што се грижат за интересот на своите сојузници (Јужна Кореја и Јапонија), Русите традиционално, отсекогаш го гледале исклучиво сопствениот интерес.

Во исто време додека беше лансирана јужнокорејската ракета која што падна во близина на рускиот град Владивосток, беше отворена и нова траект линија која што води од Северна Кореја до руските градови на далечниот исток. Голем број на севернокорејски студенти се школуваат во Русија, а има и илјадници градежни работници кои што со посредство на режимот од Пјонгјанг, се испраќаат како работна сила во Русија, а таму работат во нечовечки услови.

Покрај тоа, Москва и Пјонгјанг тргуваат со нафта, а тоа е многу важно за енергетско сиромашната Северна Кореја. Тоа значи дека доколку бидат укинати санкциите, Русија ќе добие монопол на целиот севернокорејски пазар и практично отворање на еден нов голем пазар за руската нафта и гас.


Од политичка страна, рускиот претседател Владимир Путин ја смета династијата Ким како чудна, но од друга страна како рационална. Пјонгјанг е свесен дека една севернокорејска ракета која што би паднала во било кој земја, ќе резултира со интервенција на САД и срамнување на Северна Кореја со земја. Од руска перспектива, таквата логика која наликува на онаа од Студената војна околу нуклеарното одвраќање, функционира сосема добро за САД и Северна Кореја.

Таквиот статешки баланс им одговара на Москва и Пекинг кои што не сакаат да го видат крајот на бруталниот режим на Ким Јонг Ун и не сакаат да ја видат обединета Кореја во една држава, Кореја која што би била сојузник на САД и НАТО.

Токму размесувањето на против-ракетниот систем "THAAD" на Американците во Јужна Кореја, ја претставува главнта причина за тензиите меѓу Пјонгјанг и Сеул, но исто така претставува и главна точка на несогласувања меѓу Вашингтон на една страна и Москва и Пекинг на друга страна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг