Договорот со Бугарија ќе биде претставен на затворена седница

Макфакс

18/07/2017

11:07

1.009

Големина на фонт

а а а

Нацрт-договорот за добрососедство со Бугарија денеска ќе биде претставен на Комисијата за надворешна политика.

Седницата ќе биде затворена за јавност, а ќе се одржи на барање од премиерот Зоран Заев.

Тој уште минатата недела најави дека ќе побара договорот да биде разгледан на затворена седница. Од друга страна, пак, опозицијата бара договорот со Бугарија да биде разгледан на јавна седница за да може пратениците да дискутираат за него, а јавноста да биде запознаена со неговата содржина. 

По премиерската средба на 20 јуни во Софија, Заев и Бојко Борисов најавија потпишување на Договорот за добрососедство на 2 август во Македонија, како и заедничка прослава на Илинден.



Спонзорирани линкови

Маркетинг