Јувентус го договори Шчесни, на ред е засилување и на одбраната

Дерби

17/07/2017

20:14

786

Големина на фонт

а а а

Разделбата со Леонардо Бонучи нема да ги измести трансфер целите на италијанскиот шампион Јувентус, кој до утре може да има две нови имиња во своите редови.

Како што пренесуваат медиумите, Јуве веќе постигнал договор со Арсенал за полскиот голман Војчех Шчесни и тој дефинитивно ќе му биде потпора на Џиџи Буфон, а за овој трансфер ќе бидат исплатени меѓу 9 и 11 милиони евра. Шчесни последните две сезони ги мина на заем во Рома и добро се запозна со условите во Серија А.

Паралелно течат преговори меѓу Јувентус и Милан за дефанзивецот Матија Де Шилјо, а најавите се дека италијанскиот репрезентативец има договор со „старата дама“, додека „росонерите“ нема да го блокираат трансферот од кој ќе заработат 12 милиони евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг