Турција бара забрана за „ѓуленистите“ во Албанија

Макфакс

17/07/2017

16:53

745

Големина на фонт

а а а

Турскиот амбасадор во Албанија, Хидајет Бајрактар, изјави дека официјална Анкара очекува од новата албанска влада да се спротивстави и да ги забрани активностите на поддржувачите на Фетулах Ѓулен во Албанија.

Турскиот дипломат за албанската телевизија АБЦ рече дека „во Албанија има поддржувачи и активности на терористот Фетулах Ѓулен“.

Првите активностите на ФЕТО во Албанија беа сместени во домовите на училиштата што ги отвори токму ФЕТО во Албанија. 

„Тероростичката организација ФЕТО е основана во 1970 година од Фетулах Ѓулен и функционира во околу 170 земји во светот. ФЕТО има силно верско влијание и во Турција има 1.350 училишта“, рече турскиот амбасадор. 

Тој додаде дека премиерот Еди Рама е пријател на претседателот Реџеп Таип Ердоган и верува дека ќе се спротивстави на активностите на ѓуленистите во Албанија. 

Претходно, албанските медиуми јавија дека Анкара има испратено писмо до Владата во Тирана во кое се наведуваат и имиња и на албански државјани кои се активисти во ФЕТО. 

Меѓу нив има и политичари и интелектуалци.



Спонзорирани линкови

Маркетинг