Русија и Западот почнуваат битка за Балканот: Еве поради што ќе го имаат главниот судир

Точка

17/07/2017

17:16

11.428

Големина на фонт

а а а

Западот и Русија се борат за контрола над транспортот со природен гас на подрачјето на Балканот, во рамките на настојувањата да ги реализираат своите геополитички агенди во тој регион, оценува денес француската агенција "France Presse".

Во вкупната енергетска потрошувачка на ЕУ, гасот има учество од речиси една четвртина, а руски "Gazprom" само минатата година покривал дури третина од европските потреби за гас. 

Зависноста од гас на подрачјето на Балканот во иднина само ќе расте, бидејќи електраните на јаглен се гасат под притисок на ЕУ, наведува AFP


Француската агенција, меѓутоа, смета дека влијанието на Русија во енергетскиот сектор на Балканот моментално е ограничено поради недостиг на инфраструктура, како и дека основната цел на Западот и Русија е, преку борба на гасните пазари на Балканот, да го зголемат своето геостратешко значење во тој регион. 

"Југоисточна Европа лежи на раскрсница на енергетски коридори кои ги поврзуваат Истокот и Западот. Регионот не ги интересира како економски ресурс, туку станува се позначаен како транзитна територија за други стратешки пазари во Европа и за складирање на гас", изјавил поранешниот албански министер Паскал Мило за AFP


Во теке е реализација на низа проекти за транзит на гас, кои, како што оценува AFP, би можеле да ја намалат енергетската зависност на тој регион од Русија. 

Проектот "Трансјадрански гасовод", кој го поддржува ЕУ, би требало азербејџанскиот гас да го носи преку територијата на Турција, Грција, Албанија и преку Јадранското море до Италија, а првите испораки би требало да почнат во 2020. година.


"Тој гасовод, со капацитет од 10 милијарди кубни метри годишно, нема посебно економско значење, туку пред се е геополитички проект, кој може да ја унапреди гасната безбедност на ЕУ", смета Никола Мазуки од францускиот истражувачки центар ИРИС.

Од друга страна, Русија во октомври минатата година потпишала договор со Турција за изградба на гасоводот Турски тек, кој рускиот гас под Црното море ќе го носи до Европа. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг