Нема притвор за помошник-министерот во МВР Ѓоко Поповски

Макфакс

17/07/2017

16:24

1.465

Големина на фонт

а а а

Апелациониот суд ја објави одлуката за помошник-министерот во МВР, Ѓоко Поповски и одлучи како и по решението на Кривичниот суд, да не му определи притвор на обвинетиот како мерка за обезбеудвање присуство.

Ѓоко Поповски е обвинет во случајот „Триста“ за набавка на 300 возила за полицијата. Апелациониот суд притоа ја одби и неговата жалба да му биде одземен пасошот, па бидејќи одлуката е конечна, Поповски ќе мора да се јавува еднаш неделно во судот и нема да смее да ја напушта земјата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг