Франција до 2040-та ќе ги забрани сите возила со бензински и дизел мотори

Точка

17/07/2017

19:06

1.427

Големина на фонт

а а а

Земјата ќе им овозможи на сиромашните семејства да ги заменат своите стари автомобили со нови, еколошки автомобили, а министерот за заштита на животната средина изјави дека и производителите на автомобили веќе имаат подготвени проекти за тој „премин“.

Откако неодамна од шведскиот производител на автомобили Волво, најавија дека секој автомобил на компанијата до 2019-та ќе има електричен мотор, француските власти најавуваат дека планираат сите автомобили кои што имаат мотор со внатрешно согорвање, ќе ги забранат до 2040-та година.

Никола Уло, министер за заштита на животната средина, овој потег го најави како дел од низата на мерки со кои што Франција сака да стане CO2 неутрална земја до 2050-та година. Тој изјави дека француската влада е свесна дека овој потег ќе остави огромен товар врз француските прозводители на автомобили, но исто така изјави дека и тие имаат проекти кои што би можеле тоа да го остварат.


Според тој план, сиромашните семејства ќе добијат помош од државата за да ги заменат своите стари автомобили со нови, електрични автомобили, а францускиот министер изјави дека до 2022-ра година Франција ќе престане да го користи јагленот за производство на енергија, а државата ќе вложи дополнителни 4 милијарди евра за обновливи извори.

„Сакаме да покажеме дека борбата против климатските промени може да доведе до подобар живот за Французите“, изјави министерот.


Покрај тоа, Холандија и Норвешка најавија дека до 2025-та година сакаат да им стават крај на бензинските и дизел автомобилите, а слични планови кои што би требало да бидат реализирани до 2030-та година имаат и Германија и Индија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг