Алатка за лажните вести: Моќта на технологијата во едно видео...

Точка

17/07/2017

17:01

1.968

Големина на фонт

а а а

Технолошкиот напредок се движи со застрашувачка брзина, а ова видео најдобро демонстрира до каде може да стигне технологијата и како лесно можат да се направат лажни вести.

Истражувачи од Универзитетот во Вашингтон развија технологија која што користи технологија за компјутерско „учење“ за да ги совлада движењата на лицето, а потоа да произведе многу автентична аудио снимка.

Со други зборови, станува збор за технологија која што го чита изразот на лицето на еден човек и потоа врз темел на посебни алгоритми, ги учи и репродуцира движењата на лицето на некое сосема друго видео. Во овој случај, во главната улога е поранешниот американски претседател Барак Обама, првенствено поради тоа што има многу јавни видеозаписи.

На видеото подолу може да се види како технологијата ги учи движењата на усните на Барак Обама од една аудио снимка, а потоа сето тоа може да се склопи и да се монтира на сосема друго видео. Истражувачите дури зеле една снимка од студентските денови на младиот Обама и звукот и движењата „ги залепиле“ на снимка од постариот Барак Обама.

Првенствено, истражувачкиот тим сака да покаже дека со релативно мал буџет, можат да се направат доста лажни снимки кои што изгледаат причично автентично. Со оглед на тоа што денес прилично многу се раширени лажните вести, едно видео монтирано со оваа технологија може да предизвика хаос во буквална смисла на зборот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг