Венецуела: Повеќе од 7 милиони луѓе гласале против Мадуро

Макфакс

17/07/2017

13:49

620

Големина на фонт

а а а

Повеќе од седум милиони жители на Венецуела гласале на референдумот кој во неделата го организираше опозицијата. Референдумот е против најавените уставни измени кои ги најави претседателот на државата, Николас Мадуро.

Опозицијата со овој неофицијален референдум има намера дополнително да го разниша легитимитетот на Мадуро. За време на неговото владеење Венецуела ја погоди тешка економска криза, во земјата има недостиг на храна и лекови, а во неколкумесечните протести на опозицијата загинаа речиси 100 лица.

Челниците на опозицијата референдумот го прогласија за успешен. „Денеска, на 16 јули победи достоинството, а загуби тиранијата. Ѝ дадовме неоспорен мандат на новата Венецуела, кој започнува утре“, изјави Марија Корина Маладо. 

Претседтелот Мадури го отфрли легитимитетот како неуставен, притоа не отстапувајќи од кампањата за гласањето на 30 јули на кое ќе се одлучува за формирање на уставотворно собрание чија цел ќе биде се извршат промени во уставот и да биде укинат постоечкиот парламентарен состав во кој мнозинството го има опозицијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг