Со нетрпение го чекаме летниот годишен одмор. По напорна работа во текот на годината, време е за заслужен летен одмор на море, за дружење со најблиските за релаксација и разонода.
Со нетрпение го чекаме првиот ден од одморот кој долго време го планираме со цел се да помине во најдобар ред. Ја избравме локацијата, периодот, ги планираме потребните работи кои треба да ги понесеме, времето на поаѓање, ги проверуваме пасошите, патничкото осигурување. Најчесто најмногу време губиме при изборот на облеката што ќе ја носиме, играчките за децата и многу други потребни и непотребни работи кои ги полнат нашите куфери.
Но постојат неколку работи на кои често забораваме, а кои многу лесно можат да ни го расипат одморот.
Забораваме дека од нивниот квалитет и исправност зависи нашата безбедност, како и тоа дека неквалитетната и неисправна гума е како темпирана бомба, која го чека најчесто најнеповолниот момент. Исклучително е важно пред одмор да се провери нагазниот слој на тркалата, центрирањето и притисокот во пневматиците, како и нивната ротација, и секако зимските гуми да се заменат со летни. Повеќе на kupiguma.mk. Ротацијата се препорачува на секои поминати 8.000-10.000 километри, со цел нивно рамномерно трошење.
Гумите кога се во добра состојба даваат сигурност и стабилност во возењето, овозможуваат навремено да се закочи и брзо да се реагира. Затоа треба да бидат квалитетни, да се набавени од овластени компании http://tranzit.com.mk/ кои обезбедуваат и гаранција за квалитетот.
Проверка на воздушните перничиња
Пред да се патува потребно е автомобилот да се однесе на проверка во сервис. Мора да бидеме сигурни дека перничињата се исправни и дека може да не заштитат од евентуална незгода.
Патничкото осигурување покрива многу малку работи кога сте во странство и треба добро да се информирате што се вклучува, а што значи да имате и здравствено осигурување.
И секако никако не ја оставајте ја дома својата заштеда, зошто празен дом е лесна мета за крадците. Однесете ја во банка, орочете ја на краток рок.