ВМРО-ДПМНЕ: Со ребалансот на Буџетот владата на СДСМ го зголемува задолжувањето на земјата

Нетпрес

17/07/2017

10:49

413

Големина на фонт

а а а

Антиреформската влада на СДСМ со предложениот ребаланс на Буџетот го зголемува задолжувањето на Македонија, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ, во пресрет на денешното започнување на собраниската расправа за ребалансот на Буџетот.

Во соопштенеито се потсетува дека минситерот за финансии Драган Тевдовски и премиерот Зоран Заев со месеци наназад зборувале за нивната загриженост дека Македонија е презадолжена земја, но оти откако дојдоа на власт предлагаат ребаланс на Буџет во кој предвидуваат поголемо задолжување на државата до крајот на годината за 150 милиони евра.

„Уште во првиот месец откако дојдоа на власт ја задолжија државата 60 милиони евра. Според плановите на Заев, до крајот на годината, секој ден граѓаните на Република Македонија кога ќе се разбудат државата ќе биде задолжена за нови 1,2 милиони евра повеќе од планираното“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Се посочува дека во ставката домашно задолжување владата на СДСМ планира наместо 17,8 милијарди денари да се задолжи за 20,7 милијарди денари, односно за нови 48,3 милиони евра долг кон домашните доверители. 

Во ставката задолжување кон странство, пак, Владата планира наместо планираните 12,3 милијарди денари, да ги задолжи граѓаните со 18,4 милијарди денари. Со ова, како што објаснуваат од ВМРО-ДПМНЕ, власта планира да ја задолжи земајта за дополнителни 100 милиони евра повеќе кон странски доверители. 

„СДС ги лажеше граѓаните на Република Македонија. Ветуваа дека нема да се задолжуваат, а сега со ребалансот им најавува дека за само пет месеци ќе го зголеми планираното задолжување за речиси 150 милиони евра“, се истакнува во соопштението. 

Се посочува и дека граѓаните мора да бидат запознаени за што се преземаат ваквите чекори за натамошно нивно задолжување и за што тие големи суми ќе бидат поткаде тие пари ќе биде потрошени и притоа да не биде реализирано ништо од ветеното во кампањата. 

„Луксузите, октоподите, морските плодови, цвеќињата, партиските вработувања и вдомувањата на соросовите платеници не смее да биде на трошок на граѓаните“, се заклучува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг