Jaguar E-Pace: Неверојатен, рекорден скок на новата „мачка“

Точка

14/07/2017

18:30

2.370

Големина на фонт

а а а

Новиот Jaguar E-Pace го собори официјалниог Гинисов рекорд во скок во должина од 15 метри со вртење од 270 степени.

Возачот Тери Грант долго време се подготвал за оваа акробација, нешто што досега можеше да се види само на филмовите.

„Иако е препознатлив како спортски автомобил - Jaguar E-Pace е SUV кој што има простран ентериер, зголемена безбедност, со пропорции на семеен автомобил и жестоки перформанси, кои инаку не се типични за едно вакво практично возило“, изјави Јан Калум директор на одделот за дизајн при Јагуар.


Во понудата ќе има неколку верзии кои што ќе се разликуваат по опременоста и дизајнот. Покрај основниот модел "S", тука ќе биде и "SE" и најбогатиот пакет "HSE". Најмоќниот модел на Jaguar E-Pace - моделот P300 ќе располага со 2,0-литарски турбо бензинец кој од 0 до 100 километри на час ќе развива за 6,4 секунди, со максимална брзина од 243 километри на час.

Новиот Jaguar E-Pace ќе се произведува во компанијата „Магна Штајер“, во Австрија, а не во матичниот погон на компанијата во Велика Британија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг