Модниот бренд Louis Vuitton го претстави својот најнов производ - паметниот часовник Tambour Horizon.
Уредот работи на Андроид оперативниот систем, а достапен е во три различни стилови - Graphite, Monogram и Black кои што се разликуваат единствено по бојата, но не и по спецификациите.
Часовниците се дизајнирани во Франција, а се склопуваат во Швајцарија. Имаат 4 GB интерна меморија, а на екранот можат да се изберат најразлични опции, како добивање на нотификации, следење на временската прогноза, читање на електронската пошта, поминато растојание и слично.
Во понудата на паметниот часовник на Louis Vuitton има дури 60 ременчиња кои што можат да се менуваат на часовникот и тоа 30 машки и 30 женски, а тука се и низа на дигитални часовници кои што можат да се симнат.
Од останатите спецификации, Tambour Horizon на Louis Vuitton има Wi-Fi и Bluetooth, AMOLED екран со резолуција од 390х390 пиксели, а батеријата може да трае до 22 часа.
„Не знаеме каде индустријата ќе не одведе, но знаеме дека тоа ќе биде еден далечен пат. Можете да стоите на маргините и да следите што ќе се случува, или можете да се вклучите и да учествувате во тоа“, изјави претседателот на модната куќа, Михаел Бурке.
Почетната цена на овој паметен часовник кој ќе се продава исклучиво во продавниците на Louis Vuitton изнесува 2,200 евра.