Ивана и Ману - бестрашни патувачи низ светот на две тркала

Точка

14/07/2017

15:01

6.489

Големина на фонт

а а а

Возбудата што ја носат патувањата речиси секому му е добредојдена, посебно во летните периоди кога слободата на движење е поголема а желбата за патување уште посилна, кога градската средина се гуши во густиот топол воздух и летаргијата го надвладува секојдневието.

Но, како секој од нас би ја опишал таа возбуда и што за секој од нас значи патувањето? Колку сте подготвени да го прифатите предизвикот? Повеќе сакате покуси релации кои не бараат од вас долги патувања и кога ќе пристигнете да го имате комодитетот од дома? И на крајот прашањето, дали патувате за да стасате некаде или, едноставно, уживате во секој дел од патувањето без да ве оптоварува идејата за крајната дестинација?


Во потрага по вистинските експерти за овие прашања дојдовме до Ману и Ивана.... да, тоа е оној пар за којшто секоја географска широчина на планетата се чини дека им е претесна, страста за нови искуства бескрајна и стравот од непознатото победлив.


За оние кои првпат слушаат да ги претставиме: скопјанката Ивана Чолаковска и нејзиниот сопруг, Шпанецот, Мануел Торес се оние два „лика“ кои одлучија во период од четири години да го обиколат светот со мотор и успеаја во намерите, па така оваа пролет стигнаа на градскиот плоштад во Скопје со извозени 147 илјади километри, посетени 6 континенти, 55 различни земји и култури. Неверојатен подвиг, но тие не застануваат тука. Поттикнати од големиот успех, летово тргнаа на уште едно патешествие и тоа овој пат низ Европа.


Македонски Телеком, пак, во исто време се подготвуваше за својата нова роаминг кампања, чија порака одлично се вклопува со мотото на Ману и Ивана... движењето е слобода. Но, за слободата да биде безгрижна тие добија свои партнери во патувањето и заеднички ги документираа и ги споделија со нас искуствата од земјите кои ги посетија низ Европа. Тие беа спакувани во кусо и симпатично видео кое можете да го погледнете на линкот https://www.facebook.com/TelekomMK/videos/10155516964930995/ .


„Патувањето за нас не е крајна дестинација до која треба да стигнеме, ниту некое посебно место кое треба да се посети....патувањето започнува од моментот кога ќе го „јавнеме“ моторот и ќе тргнеме...тука започнува искуството кое двајцата го впиваме...носи многу убави и незаборавни моменти, но и многу искушенија, откажувања и непријатни понекогаш и болни ситуации...но излегувањето од комфорната зона го прави ова искуство незаменливо, полно со лекции и спознанија за самите себе...или си скроен да го погледнеш во очи или ќе кренеш раце и ќе се вратиш на обичните работи. Нашата жед за задоволување на животните потреби, би рекла е малку поинаква, бара егозитични извори за да се скроти потребата“, вели Ивана.


Кога ќе се вкрстат интересите работата сама си врви...Ивана и Ману го откриваат светот и себе на еден несекојдневен начин, а технологијата им овозможува да бидат поврзани каде и да се наоѓаат, и да го документираат секое движење и дестинација, за потоа да го споделат нивниот слободен свет со секој што сака да ѕирне во него и за кратко барем да биде дел од него. Преку нивниот пример да се охрабрат и сите заспани авантируисти и да му се препуштат на чувството на слобода без задршки. Зашто, денес, патувањето е полесно од кога било бидејќи колку и да си далеку од дома интернет конекциите и роаминг услугите буквално во еден миг ги бришат растојанијата и сè што ви е потребно го имате на дланка за само неколку секунди. Затоа, порачуваат Ивана и Ману, вдишете длабоко и зграпчете го летото, откријте ги убавините кое тоа може да ви ги понуди и останете поврзани.


Од 17 јули тие започнуваат нов пат кој ќе ја покрие целата Адриатик зона ...овој пат ќе можете да ги следите на фејсбук страната на Телеком.

Во меѓувреме, сетете се и размислете за значењето на познатиот цитат од филмот „Плажа“, на британскиот режисер Дени Боил:


 „Се уште верувам во рајот. Но, сега барем знам дека тој не е некое место кое треба да го пронајдете. Бидејќи не се работи за тоа каде одите, туку како се чувствувате во одреден момент во животот кога сте дел од нешто. И доколку го пронајдете тој момент ... ќе трае вечно.“




Спонзорирани линкови

Маркетинг