Новиот iPhone 8 ќе име 3Д ласери на камерата...

Точка

14/07/2017

15:30

3.154

Големина на фонт

а а а

Откако во јавноста протекоа информации дека новиот iPhone 8 ќе располага со 3Д сензори за скенирање на лицето наместо сензор за отпечатоци на прсти, сега се појавија гласини дека најновиот адут на Apple ќе има и 3Д сензори на задната камера.

Со споменатите 3Д ласери кои што ќе бидат вградени на задната камера, корисниците на новиот iPhone 8 ќе можат попрецизно да го користат автофокусот и ќе им биде олеснето користењето на AR апликациите и видео игрите.

Како што пренесуваат специјализираните портали, Apple има намера новиот iPhone 8 да биде компатибилен со сите современи функции како што се виртуелната реалност, технологијата за проширена реалност и 3Д скенирањето на лицето.

Камерите на паметните телефони значително напредуваа во последните неколку години, па така сега имаме неколку различни системи на автофокус. Еден од најдобрите е ласерскиот фокус, а намерата на Apple е сега истиот да биде направен тродимензионален.


3Д ласерите на камерата ќе го направат автофокусот на iPhone 8 многу побрз и попрецизен, а се шпекулира дека овие ласери нема да бидат инсталирани на предната, туку само на задната камера на телефонот.

Покрај тоа, се појавија и гласини дека iPhone 8 ќе биде единствениот телефон на Apple оваа година кој ќе поддржува и бежично полнење, но исто така и ќе биде доста поскап од своите претходници.



Спонзорирани линкови

Маркетинг