Германка се прошетала гола низ град, па сега сите сакаат да откријат која е таа?

Точка

13/07/2017

20:18

30.059

Големина на фонт

а а а

На интернет изминатите неколку денови се појавија две видеа во кои во германскиот град Ерфурт една девојка се шета сосема гола како од мајка родена.

Во првото видео, објавено на 25-ти јуни, таа на почеток е облечена, но наскоро започнува да се соблекува и така ја продолжува својата прошетка, со што предизвикува големо внимание од минувачите, а некои од нив ја снимаат и со своите мобилни телефони. 

Во второто видео, објавено на 1-ви јули, девојката гола излегува од подземна гаража и повторно тргнува на прошетка низ градот. 

Во видеото се напоменува дека станува збор за уметнички проект, но германските медиуми се обидуваат од петни жили да го откријат идентитетот на девојката. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг