Одбиваат да го бранат: Козби во очајна потрага по нов адвокат

Точка

13/07/2017

18:41

5.954

Големина на фонт

а а а

И покрај фактот дека Козби плаќа околу 1.500 долари на час, изгледа дека никој од познатите адвокати не сака да го брани. Некогашната ТВ ѕвезда ќе мора да си најде нов адвокат до ноември.

Со оглед на тоа дека му претстои ново судење поради сексуална злоупотреба на повеќе жени и девојки, Бил Козби очајно бара човек кој ќе го брани на суд. Неговиот досегашен адвокат Брајан МекМонагл од Филаделфија одеднаш оваа недела се повлекол од својата функција поради однесувањето на Козби на суд. 

И покрај фактот што Козби плаќа околу 1.500 долари на час, ниту еден познат адвокат не сака да го застапува и да го брани на суд. 


Ѕвездата од "Козби шоу" се соочува и со обвиненија за наводно дрогирање и напад на вработени во Temple - Универзитетот во Пенсилванија. Околу 60 жени го обвинуваат Козби дека сексуално ги злоупотребил, што стави крај на неговата кариера. 


Козби до ноември ќе мора да си најде адвокат, пишува Radar Online



Спонзорирани линкови

Маркетинг