Нема побезбеден автомобил во оваа класа: Новиот Фолксваген Артеон ја доби највисоката оценка на Euro NCAP досега

Точка

13/07/2017

18:01

4.896

Големина на фонт

а а а

Фолксваген оствари одлични резултати на последниот Euro NCAP Crash Test благодарение на највисоката оценка во историјата која што ја доби новиот Артеон.

Независната европска организација за заштита на потрошувачите на Фолксваген Артеон му додели највисока оценка од пет ѕвезди. Оваа оценка не претставува само признание за заштитата на возрасните патници и децата, туку и за сериските системи на новиот Артеон и системот за заштита на пешаци.

Благодарение на сериската функција за автоматското сопирање кое што реагира на пешаци, овој систем толку се покажал добро што автомобилот ја добил највисоката оценка некогаш во класата на високата средна класа.


Со одликувањето од 5 ѕвезди, експертите од Euro NCAP сигнализираат дека моделот Артеон го сметаат посебно безбеден во неговата класа. Многу добрите резултати на тестовите се резултат на иновативните системи за поддршка (меѓу другото и сериска функција за сопирање која реагира на пешаци) и интегриран концепт на безбедност кој во случај на судир обезбедува максимална заштита на патниците со помош на оптимизирана структура на каросеријата.

Потоа, посебно се издвојуваат и високоефикасните комбинации на заштитни појаси, седишта и воздушни перничиња. Во подрачјето за заштита на возрасни патници Артеон добил дури 96% од максималната оценка, а за заштита на деца добил исто тка највисоки 85%.

Кога станува збор за заштитата на пешаците, благодарение на напредните системи Артеон добил 85%, а исто така 5 ѕвезди добил и за безбедносните системи со кои што располага автомобилот на Фолксваген.

При оценувањето во предвид се земени предупредувањата за појаси на сите седишта, уредите за регулирање на брзината, системите за надзор на околината - Front Assist со функција на сопирање при потреба и системот за задржување на автомобилот на возната лента Lane Assist.



Спонзорирани линкови

Маркетинг