Интересно е тоа што на оваа плажа без море има и бранови...
Малата, скриена плажа во Ланес, Шпанија е необична и единствена поради тоа што се наоѓа "in the middle of nowhere", пред неа има карпи, а морето се појавува само еднаш во текот на денот.
Плажата "De Gulpiyuri" е мала чистинка која се исполнува со вода, а како што веќе споменавме се наоѓа во средината на едно големо поле.
На околу 100 метри оддалеченост е Кантабриското море, а плажата добива дел од морето кое се појавува и исчезнува со плимата и осеката. Долга е 40 до 50 метри.
Подземните тунели ја носат водата од океанот до оваа мала плажа. Кога плимата е поголема можете дури и да запливате овде, но поголемиот дел од времето водата сепак достигнува само до вашите колена.
Интересно е тоа што на оваа плажа кога има вода има и бранови.
Погледнете го видеото: