На Земјата ѝ се заканува пекол: Научниците загрижени, планетата се загрева 140 пати побрзо од очекуваното

Точка

11/07/2017

13:33

6.540

Големина на фонт

а а а

Земјата се загрева дури 140 пати побрзо од очекувањата на научниците, покажаа најновите климатски студии околу глобалното затоплување.

Иднината не е светла, туку е вжарена - сметаат климатските експерти во студијата објавена во магазинот „Климатски журнал“.

Новите податоци на системот за обработка на податоците на сателитите на НАСА, покажуваат дека пониските делови од атмосферата од 1998-ма година, до денес се загреваат многу побрзо, отколку што покажале претходните спроведени истражувања.


Но, најновата студија покажува дека таквите трендови на загревање на Земјата наскоро би можеле значително да се забрзаат. Планетата Земја моментално се загрева во две различни брзини. Големиот дел од јужната хемисфера е покриен со океани, а тој е релативно постуден од остатокот на светот, па тој дел се загрева побавно.

Истовремено, Арктикот и копнените краеви на северната хемисфера се загреваат со голема брзина.


Климатските експерти предупредуваат дека југот со текот на времето ќе се загрее, а тогаш глобалното затоплување на атмосферата на Земјата значајно ќе се забрза. Овој месец е пеколен речиси насекаде во свеот, а деновиве во САД и Иран се забележани рекордни температури од над 50 Целзиусови степени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг