Потпишан протоколот за доделување стипендии Борис Трајковски за постдипломски студии на Сити колеџот во Солун за академската 2017/ 2018 година

Точка

30/06/2017

09:47

1.494

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, министерот за образование и наука, г-а Рената Дескоска и директорот на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд од Велика Британија, Сити колеџ, лоциран во Солун, Република Грција, г. Јанис Верверидис, вчера го потпишаа протоколот за соработка, за доделување 20 стипендии „Борис Трајковски“, за вонредни двегодишни постдипломски студии на Програмата за бизнис-администрација, МБА, за академската 2017/ 2018 година.

За академската 2017/ 2018 година се доделуваат стипендии за насоките: општ менаџмент, маркетинг, финансии, менаџмент во логистика, менаџмент во здравство и менаџмент на човечки ресурси.

Стипендиите, традиционално, се доделуваат на 20те најдобри кандидати кои ќе се пријават на конкурсот за постдипломски студии на Програмата за бизнис администрација, МБА, на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити колеџ, лоциран во Солун, Република Грција. Секоја стипендија поединечно е во висина на уписнината на оваа програма и изнесува 14.890 евра при што педесет проценти обезбедува Владата на Република Македонија, а останатите педесет Сити колеџот.


Стипендиите се доделуваат како дел од успешната соработка меѓу Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ и Министерството за образование и наука на Република Македонија.

Од 2003 година, заклучно со академската 2016/ 2017 година се доделени повеќе од 180 стипендии. Стипендиите Борис Трајковски даваат одлична можност за кандидатите да ги надградат својот талент, знаења и вештини на еден од најпрестижните универзитети, рангирани на светско ниво.

Сити колеџот лоциран во Солун, Република Грција е еден од шесте факултети во рамките на Универзитетот Шефилд и единствен кој е надвор од Обединетото кралство. Меѓународниот факултет има четири катедри и покрај кампусот во Солун, академските програми ги нуди во Софија, Белград, Букурешт и Киев.

Повеќе информации во врска со објавениот конкурс за стипендиите Борис Трајковски за за академската 2017/ 2018 година се достапни на www.stipendii.mon.gov.mk додека рокот за аплицирање е 21 јули 2017 година. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг