Нимиц неофицијално: "Ако бев Македонец, не би преговарал за моето име"

Точка

27/06/2017

13:04

10.467

Големина на фонт

а а а

Македонското меѓународно движење за човекови права уште еднаш го повторува своето барање до сите политички партии и политичари од Македонија да ги осудат преговорите за името и веднаш да ги прекинат.

"Неофицијално – ако бев Македонец, не би преговарал за моето име", им изјавил Специјалниот претставник на Обединетие нации, Метју Нимиц, на претставниците на Македонското меѓународно движење за човекови права.

Робин О’Нил - првиот медијатор за спорот за името, повеќепати нагласи дека е против преговорите за името и побара Македонија да ги прекине тие преговори. Иако Нимиц напомена дека неговите коментари се "неофицијални", од Македонското меѓународно движење за човекови права бил прашан зошто и јавно не ги искаже своите чувства, да поднесе оставка и да се откаже од преговорите за името коишто всушност претставуваат, како што рече Робин О’Нил, напад врз најосновните права на Македонија.


"Како што можевме да го видиме огромниот притисок врз Македонија да го смени името, со цел да се смири угнетувачот Грција, ние одлучивме, во име на Метју Нимиц, јавно да да ги објавиме неговите чувства", велат од Македонското меѓународно движење за човекови права.

Исто така, кога претседателот на ММДЧП, Бил Николов, го прашал Нимиц, какви се неговите очекувања доколку Македонија се повлече од преговорите за името, тој одговорил:

"Ништо. Не верувам дека би имало било какви последици".


Потполно идентичен одговор добиле и од претставниците на американскиот Стејт департмент кога Николов го поставил истото прашање. Згора на тоа, од Стејт департментот рекле дека според нив "решение за спорот за името нема и дека прекинот на преговорите би била логична одлука".

ММДЧП уште еднаш го повторува своето барање до сите политички партии и политичари од Македонија да ги осудат преговорите за името и веднаш да ги прекинат. Болно одекнаа неодамнешните изјави на премиерот Заев во Бугарија коишто значат дека тој е подготвен да го продаде вековното име, етничкото потекло и идентитетот на Македонија, само за да ги задоволи Европската унија, НАТО и САД. ВМРО-ДПМНЕ, вие имавте шанса да го прекинете т.н. ’спор за името’ додека бевте на власт, но одлучивте да не го направите тоа. Откажете се од преговорите за името веднаш. Премиеру Заев, не можете да преговарате за нешто што не е ваше. Дејствувајте барем еднаш во интерес на Македонија и напуштете ги преговорите, се наведува во реакцијата на оваа организација на македонските иселеници.

Како што кампањата на ММДЧП "Нашето име е Македонија" вели "Кој ти го даде право да преговараш за моето име?" Барајте почит за Македонија. Сега и веднаш. Како што можевме да го видиме огромниот притисок врз Македонија да го смени името, со цел да се смири Грција, тие одлучиле, во име на Метју Нимиц, јавно да да ги објават неговите чувства.



Спонзорирани линкови

Маркетинг