Заев му честита на Вучиќ: Македонија во Србија отсекогаш имала пријател и сојузник

Макфакс

24/06/2017

15:06

1.237

Големина на фонт

а а а

Премиерот Зоран Заев испрати честитка за инаугурацијата на новиот претседател на Република Србија, Александар Вучиќ.

„Ви посакувам успешна работа на новата одговорна позиција и изразувам надеж за натамошно унапредување на соработката помеѓу двете држави. Македонија, во Република Србија отсекогаш имала традиционален пријател и сојузник во процесот на стабилизација и интеграција на Балканот, преку градење на добрососедски односи и взаемно почитување“, пишува во честитката.

Интересите за интензивна соработка, почитувањето на демократските вредности, добрососедските односи и интеграцијата на регионот во Европската Унија, додава Заев, се врвни интереси на граѓаните на двете држави и очекувам дека во таа насока ќе продолжиме да ја развиваме нашата соработка на повисоко ниво, во сите области.



Спонзорирани линкови

Маркетинг