Димитров беше гостин на инаугурацијата на Вучиќ

Макфакс

24/06/2017

13:27

616

Големина на фонт

а а а

Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, вчера во Белград присуствуваше на свечениот прием во Палата Србија по повод инаугурацијата на новоизбраниот претседател на Република Србија, Александар Вучиќ.

Димитров му ги пренел честитките на Вучиќ за изборот во името на Владата на Република Македонија.

Во рамки на престојот, министерот Никола Димитров присуствуваше и на денешната средба на претседателите на двете држави, Ѓорге Иванов и Александар Вучиќ, на која беа разменети мислења за состојбите во билатералните односи помеѓу Република Македонија и Република Србија, како и за актуелните случувања во регионот и пошироко.



Спонзорирани линкови

Маркетинг